Вечерва се очекува спектакл на Бернабеу, Реал и Баерн во борба ќе се судрат за место на Вембли! Вториот финалист во Лигата на шампионите ќе биде одлучен, на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен во реваншот од полуфиналето во елитното натпреварување.
Победник во Минхен немаше, мечот таму заврши 2-2, па Реал и Баерн од нула го почнуваат вечерашниот дуел во Мадрид.
Предноста е на страната на Реал Мадрид, домашниот терен и фантастичната атмосфера која ќе ја создадат навивачите во бело ќе биде дополнителен ветар во грб за фудбалерите на кралскиот клуб, но Баерн Минхен нема да се предаде.
Томас Тухел си ја знае иднината, знае дека што и да се случи нема да остане тренер на Баерн Минхен, но германскиот стратег сака да се одјави со големиот трофеј и да му покаже на раководството дека е човек за големи работи.
Баерн Минхен во однос на првиот дуел нема да може да смета не Гереро кој се повреди, Анчелоти ги има на располагање сите фудбалери со исклучок на Алаба кој одамна не е во стројот.
Мотивациите се големи и на двете страни, но само еден тим ќе му се приклучи на Борусија Дортмунд на Вембли.