Екипата на саудискиот Ал-Хилал Ријад по осми пат во историјата е шампион на Саудиска Арабија. Тимот за кој настапуваат Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ триумфираше со 4-1 над Ал-Хазем и ги реши сите дилеми околу тоа кому ќе му припадне шампионскиот трофеј.
Српските репрезентативци беа најзаслужни за убедливата победа и му пресудија на ривалот уште по првите 45 минути, со што ја најавија големата прослава по завршувањето на дуелот. Митровиќ постигна два гола, а Милинковиќ-Савиќ придонесе со гол и асистенција.
Ал-Хилал има недостижни 12 бода предност во однос на Ал-Наср и сосема заслужено го освои трофејот на три кола до крајот на првенството.