Леворакиот бек, ракометарот на Алкалоид, Мартин Серафимов, беше еден од назаслужните за големата победа на македонската репрезентација над Фарски Острови (34-26) и пласманот на СП 2025. Серафимов дуелот во „Борис Трајковски“ го заврши со пет голови.
Два од тие голови беа во клучните моменти, кога се играше гол за гол и кога не смеевме да му дозволиме на ривалот да влезе во серија. Тој по мечот својата благодарност за целокупниот успех ја насочи кон селекторот.
„Кире силно веруваше во нас, и не натера и нас да верувавме во себе. Добивме огромна мотивација и мислам дека тоа се преслика на теренот. Знаевме дека можеме да славиме со потребната разлика и неизмерно сум среќен и горд на оваа публика која ни даваше огромна поддршка во текот на натпреварот. Ова е нешто неверојатно“, изјави Серафимов.
Првиот меч во Торшхавн заврши со триумф на противникот со 34-27, поради што Македонија ќе игра на следниот Мундијал со што ќе го задржи континуитетот настапи на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.