Огромна радост што ќе се памети, имаше во салата Борис Трајковски по големата победа на македонските ракометари и пласманот на СП. Песната „Земјо македонска“ ечеше од грлата на ракометарите и 8.000 навивачи во салата.
Еден, злато вреден гол во вкупниот биланс значи пласман на ракометниот мундијал 2025 за жолто-црвените гладијатори, а што е уште поважно продолжување на континуитетот настапи на големите натпреварувања, кој трае од 2012 година.
Секако огромна помош во херојскиот успех даде публиката, која до крај ја наполни „Борис Трајковски“, а за паметење за сите времиња на крајот ќе се памети заедничката еуфорична прослава на фановите, ракометарите и раководството на националниот тим.