Македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Жарко Пешевски имаа настапи во Бундеслигата ова попладне, но не успеаја до забележителен голгетерски учинок.
Хановер на Филип Кузмановски доживеа домашен пораз од Флезбург (26-31). Кузмановски доби скромна минутажа за која успеа да постигне еден погодок од вкупно еден шут кон противничкиот гол.
Штутгарт на Жарко Пешевски дојде до важен триумф во биткта за опстанок на гостински терен кај Минден (25-26). Кружниот напаѓач играше на оваа средба, но не успеа да се запише во листата на стрелците (0/1 шут).