Екипата на Ајнтрахт Франкфурт бележи историски резултати на меѓународна сцена, но во домашниот шампионат никако да застане на здрави нозе и е без победа веќе шест натпревари во низа. Во денешната средба со Борусија Менхенгладбах финалистот во Лигата на Европа се спаси од пораз во вториот дел и одигра без победник, 1-1.
Плеа уште во 4. минута од натпреварот ги доведе гостите во водство.
Гонсало Пасиенсиа во 66. минута испрати вистинска „бомба“ кон противничкиот гол и го постигна еден од најубавите погодоци во сезоната во Бундеслигата, за конечни 1-1. Во самиот финиш од натпреварот Камада погоди за целосен пресврт, но неговиот погодок беше понитешн поради офсајд.