Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски од денеска и официјално е нов фудбалер на дански Алборг.

Трајковски минатата сезона беше во Мајорка но не доби шанса да ги покаже своите квалитети. Оваа сезона раководството на клубот му кажа дека нема да сметка не неговите услуги и најдобро ќе биде да најде нов клуб.

Клубот го потврди трансферот преку социјалните мрежи каде што објави и видео со најдобрите голови на Трајковски, а исто така објави дека ќе го носи дресот со број 7.

https://twitter.com/aabsportdk/status/1432674141484761093?s=20

Алборг во моментов е на 5тото место во данската прва лига по 7 одиграни кола.