Екипата на Бетис од Севиља триумфираше со 1-0 на гости на Балеарските острови кај Мајорка во мечот од 22. коло во шпанската Ла Лига.

Голот за победа беше постигнат во финишот на првото полувреме а стрелец беше Серхи Алтимира.

Мајорка тргна во офанзива во вториот дел, да возврати со гол, меѓутоа тимот на Бетис успешно се бранеше до крајот на натпреварот.

Бетис се наоѓа на седмата позиција со 34 бодови, додека Мајорка е на 15. место со 20 бода.