Интер Мајами остана без трофеј во УС Опен Купот. Без првата ѕвезда беше тешко да се изненади Хјустон Динамо, кој во финалето триумфира со 1-2 (0-2).

Лео Меси го водеше тимот на Бекам до финале, но по обврските со репрезентацијата се повреди и не можеше да помогне во натпреварот за историската титула за Мајами.

Хјустон поведе во 24. минута преку Дорси, а потоа Баси од пенал зголеми на 0-2 во 33. минута. Поразот Мајами го ублажи пред самиот крај кога погоди Мартинез, а претходно екипата промаши неколку зицери за гол.

Интер Мајами сега се насочува кон МЛС-лигата каде ќе цели на влез во плеј-офот.

Хјустон со голови во првото полувреме направи предност од 2-0. Интер Мајами преку Мартинез постигна гол дури во 92. минута.

 

Во следната акција имаа шанса и за израмнување, но не успеаа. Меси се изнервира на пропуштената можност.

 

Гостин на Интер Мајами вчера беше и големиот Зинедин Зидан кој му беше соиграч на Дејвид Бекам од времето во Реал Мадрид.