Лил во натпреварот влезе со победа од 2-1 од првиот натпревар, на Фенербахче му беше потребен триумф.
Резултатот беше 0-0 се до 91. минута кога Диаките си даде автогол за водство на Фенербахче од 1-0. Со тој резултат заврши регуларниот дел, па се отиде во продолженија.
Во 109. минута Манди доби црвен картон, Лил остана со фудбалер помалку, но само седум минути подоцна Французите добија пенал по игра со рака на Остерволде. Џонатан Давид го реализираше пеналот за израмнување на 1-1.
https://twitter.com/i/status/1823465217293963541Течеа последните моменти од мечот, кога Фенербахче пропушти огромна шанса, Тосун биеше со глава, ја погоди пречката од голот на Лил. Резултатот остана 1-1, па Фенер испадна од ЛШ.
Целосен потоп доживеаја балканските претставници во оваа фаза, при што бугарски Лудогорец загуби дома од Карабах со 2:7, романски ФЦСБ беше поразен од Спарта Прага со 2:3, а голем шок доживеаја и фановите на ПАОК во Солун.
Малме успеа во судиското надополнување да стигне до среќен гол за 3:3 и обезбеди продолжение, а во него успеа да погоди во 99. минута за конечни 3:4.