Екипата на Рајо Валјекано конечно им се врати на победите во Ла Лига, откако на гостувањето кај Хетафе славеше со 2-0.
Македонскиот голман Столе Димитриевски успеа да ја зачува својата мрежа чиста, не беше совладан, а дуелот го реши Серхио Камело со голови во финишот на првото полувреме и на стартот на вториот дел.
Хетафе притоа доби и два црвени картони, и тоа најпрво Латаса беше исклучен во 40. минута, а потоа и Гринвуд во 50. минута.
Рајо со оваа победа стигна до 23 бода по 19 одиграни меча, додека Хетафе има три бодови повеќе во Ла Лига.
https://twitter.com/i/status/1742234300722938301 https://twitter.com/i/status/1742234743846949317