Сензационална вест имаме од островот. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за македонскиот голгетер Бојан Миовски, пренесува „Дејли рекорд“. Според изданието Миовски бил на радарот на славниот клуб од „Олд Трафорд“ и тоа на местото на Антони Марсијал кој ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Миовски игра одлично за Абердин оваа сезона во шкотската Премиер лига, па не чуди што интересот за него е голем. А дека и Манчестер Јунајтед има интерес, тоа е само потврда дека македонскиот голгетер напредува многу бргу.

Абердин претходно истакна дека не сака да го продаде Миовски но за убава сума клубот од „Питроди“ може да размисли.

Инаку Миовски со Абердин има договор до 2026 година. Претходно се шпекулираше дека за нашиот напаѓач се интересирале француски Ремс и англиски Саутемптон.

 

Повеќе од интернет