Адеми е многу важна алка и за Динамо, а и за Македонија, особено во вака важен меч каков што е дуелот со „аѕурите“, но и поради фактот што откако Благоја Милевски седна на кормилото ниту еднаш на седумте меча во мундијалските квалификации не можеше да ги спои во тандем Адеми и Енис Барди во срцето на средниот ред.
„Спремен сум и гладен за теренот, за мечеви. Тешко беше од страна да се гледаат мечевите, но сега сум здрав и така ќе остане. Сега можам повторно да помогнам така како што најдобро знам, на теренот“, вели бескомпромисниот борец Адеми.
Тој ги прескокна септемвриските мечеви поради повреда на бутот, а потоа на дуелот со Германија во Скопје, Хаи Хаверц му падна на стапалото, па паузираше месец ипол по што не играше ни на ноемвриските завршни два меча во кои Македонија успеа да испише историја и да дојде до еден мундијалски бараж.
Македонија вечерва ги стартува подготовките за пресметката на Сицилија во четврток, со собирот закажан за 20 часот, но селекцијата дури утре ќе се комплетира пред првиот тренинг кој ќе се одржи од 17 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот куќа на фудбалот.