Данската ѕвезда Кристијан Ериксен кој преживеа тежок срцев удар пред една година на стартот на Еуро 2020 и зимава се врати на фудбалските терени, во втората полусезона играше за Брентфорд е пред трансфер во Њукасл, најавуваат англиски медуми.
Ериксен имаше само шестмесечен договор со Брентфорд, кој сега му истекува и е слободен играч за практично бесплатно да си најде нов клуб, а Њукасл кој гради конкурентен тим за највисоки дострели, ептен го сака извонредниот дански плејмејкер, екс-фудбалер на Тотенхем и Интер.
Најзагреан за Ериксен е менаџерот Еди Хуи, кој во Данецот гледа еден од клучните играчи особено во офанзивата. Ериксен во изминатата полусезона имаше четири асистенции и еден гол за Брентфорд, а за Њукасл не се проблем парите што ќе ги побара за своите лични услови за да потпише подолгорочен договор.