Хетафе ја постигна шестата победа оваа сезона, и тоа против Жирона со 3-2, за бегство од опасната зона.
Во првото полувреме беа постигнати сите три гола во мрежата на гостите, а серијата ја отвори Унал во втората минута, по што Турчинот погоди и вторпат во 14. минута од пенал, додека на 3-0 зголеми Мајорал.
Жирона во вториот дел се разбуди и најправо преку Кастелјанос намали на 1-3, а потоа Гутиерез во завршницата погоди за 2-3.
Хетафе има 25 бода на 16. место во Ла Лига, а Жирона е на 11. позиција со 30 бодови.