Тоа е уште едно големо признание во пребогатата за Аргентинецот кој, сепак, не дојде лично да ја прими наградата, како и другите двајца номинирани Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Најдобриот во изборот на ФИФА го бираат селекторите и капитените на сите репрезентации во светот, плус по еден спортски новинар од секоја држава.
Меси сега е рекордер по бројот на добиени The Best признанија, надминувајќи ги Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски кои имаат по две.
Доделени беа и другите награди во изборот на ФИФА. Најдобра фудбалерка е Ајтана Бонмати од Барселона, односно шпанската селекција, најдобар тренер во женска конкуренција е селекторот на англиската репрезентација Сарина Вигман, најдобар голман кај жените е Мери Арпс, а кај мажите Едерсон, ферплеј признанието отиде кај бразилската репрезентација која го поддржа Винисиус во борбата против разисмот, а најатрактивниот гол е дело на играчот од средниот ред на Ботафого, Гиљерме Мадруга.