Норвежаните доминираа во поголемиот дел од дуелот, имаа и три гола предност, а и во финишот го диктираа темпото, но во последните шест минути не успеаја да постигнат гол. По 27-26 за Норвешка, Благотиншек го израмни резултатот, а Влах на влезот на последната минута ја однесе Словенија до водство и до победа.
Токму Влах беше најефикасен кај Словенците со седум гола, а Благотиншек додаде пет. Во норвешката репрезентација, Сагосен заврши како прв стрелец со шест гола.
По два бода во следната фаза ќе пренесат и Данска и Шведска кои остварија победи во директните дуели со Португалија и Холандија.
РЕЗУЛТАТИ
Данска – Португалија 37-27
Норвешка – Словенија 27-28
Шведска – Холандија 29-28