Хрватскиот репрезентативец и член на Вардар Анте Гаџа ги повреди лигаментите на коленото, тоа мора да биде решено со оперативен зафат, а паузата ќе биде околу шест месеци.
Тоа значи дека Вардар нема да смета на организаторот на играта до крајот на оваа година, додека би стратегот на „црвено-црните“ би требало да го има на располагање за пролетниот дел од идната сезона.
А Вардар пред неколку дена го донесе Божо Анѓелиќ кој ќе го замени Хрватот, а таа позиција е покриена и со Мишевски и Карапалевски.
„Црвено-црните“ кои го освоија Купот, цели кон шампионската титула во Суперлигата, а за да го направат тоа им требаат уште две победи во следните две кола.