Нетрпеливоста меѓу градските ривали Џенова и Сампдорија не е ништо ново на навивачката мапа на Италија, но сега тифозите на Самп отидоа предалеку и го „погребаа“ големиот противник.
Џенова испадна од елитата, а навивачите на Сампдорија, која обезбеди опстанок во Серија А, организираа „погребна поворка“ за градскиот ривал, носејќи крстови, распетија, па дури и мали ковчези за да го одбележат „погребот“ на нивните ривали.
Двата клуба кои оваа сезона се бореа за опстанок паметат и многу подобри денови. Сампдорија ја освои својата единствена титула во 1991 година, а Џенова има дури девет, но последната беше пред 98 години.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1526600926999502849?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1526600926999502849%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fludilo-vo-italija-tifozite-na-sampdorija-organiziraa-pogrebna-povorka-za-dhenova-video%2F