Македонија го заврши настапот на Европското првенство на 22. позиција од 24 репрезентации со три порази од три натпревари.
Она што остави најдобар впечаток е Фаланагата на трибините и нивното безпоштедно навивање. Навиваа сите 60 минути и на натпреварот со Данска а свое шоу имаа по завршувањето на мечот. Видео за уживање со кое ги импресионираа Данците и Европа.
Данскиот Ракометар Бојсен ги прогласи за најдобри ракометни навивачи на светот. Но, тоа не го кажа само тој, туку и многу други кои беа сведоци во Арената во Дебрецин.