Кеј Смитс, станува вистинска ѕвезда на актуелното европско првенство во Унгарија и Словачка. 24-годишниот холандски десен бек, синоќа во поразот на „лалињата“ на мечот со Исланд, уште еднаш покажа дека ќе биде новата гол-машина на ракометните терени, откако постигна фантастични 13 гола и влезе во историјата на европските шампионати.
Новата ракометна надеж на Холандија е Кеј Смитс кој стана само едне од 15 ракометари во историјата на европските првенства кој постигнал најмалку 13 гола на еден натпревар. Со ова постигнување Смитс успеа да го израмни и рекордот на нашиот капитен и селектор, Кире Лазаров постигнат на ЕП 2012 кога на мечот со Данска исто така постигна 13 гола.