Црногорските ракометари ја совладаа Хрватска со 32:26 (15:9) во Будимпешта на отворањето на втората фаза од Европското првенство.
По Словенија, избраниците на Зоран Рогановиќ ја надиграа уште пофаворизираната Хрватска и со тоа стигнаа до првата победа во историјата на ЕП, сметајќи ја само втората фаза.
Црногорците од првата до последната минута ја хадиграа Хрватска и во ниту еден момент триумфот не дојде во прашање, додека „каубоите“ шансите за полуфинале ги сведоа на доменот на теоријата.
Блескаше голманот Небојша Симиќ со 14 одбрани, а Милош и Бранко Вујовиќ постигнаа по седум, Немања Грбовиќ пет, а Васко Шеваљевиќ и Сефан Чавор по четири гола.
Во Хрватска Иван Чупиќ даде шест, а Лука Циндриќ пет – останатите беа потпросечни.
Црна Гора на тој начин стигна до првите бодови, кои се бројат во оваа рунда, додека „каубоите“ сеуште се без еден и тешко дека ќе можат да се изборат за пласман понатаму.
Посебно ако слично играат против моќната Данска, незгодниот Исланд и хитот на турнирот на Холандија.
Натпреварот го отвори Хрватска поведе пред Чупиќ и тоа беше единственото водство на „каубоите“ на овој меч.
Во само два напада Црна Гора го сврте резултатот, а потоа Милош Вујовиќ тргна да го тероризира ривалот од лево крило.
Веќе во 14. минута Црногорците имаа +3 (6:3) и не му дозволија на фаворизираниот ривал да се приклучи, уште повеќе – клучната разлика беше направена на крајот од првото полувреме.
На четири минути до одморот, Црногорците направија серија од 4:0 и со максимални шест гола заминаа на одмор (15:9), казнувајќи ја безидејната игра на Хрватска во организација на нападот.
Хрватска подобро го отвори продолжението, спушти на минус четири (15:11), но по раниот тајм-аут на Рогановиќ, Црна Гора се врати.
Рампата ја спушти одличниот Небојша Симиќ на голот, ги полуде хрватските шутери, па дури и асот на Барселона Лука Циндриќ.
Со две „бомби“ од позицијата десен бек погоди Бранко Вујовиќ во моментите со двајца играчи помалку и немаше враќање за Хрватска, иако најблиску до четири гола заостанување стигнаа во 46. минута (22:18).
Подоцна Црна Гора рутински го приведе натпреварот до крај и направи, така да се каже, мини-сензација.
Никој нема да може однапред да ги отпише Црногорците …