Гави е еден од младата гарда на фудбалери на Барса кои се голема иднина на клубот и кој веќе има првотимски статус и игра кај Чави Ернандез, па раководството на клубот веќе го подготви новиот договор за овој фудбалер со што ќе се укине во моментов „смешната“ отштета од само 25 милиони евра.
„Гуруто за трансфери“ Фабрицио Романо денеска објави дека само прашање на момент е кога Гави и Барселона ќе ја потпишат соработката до 2026 година со џиновска клаузула, а шпански „Кадена Коп“ веќе објави дека таа откупна калузула ќе биде една милијарда евра.
И самиот Гави сака да остане во Барселона, па многу брзо бил најден заеднички јазик, како и со Педри и Ансу Фати, со што е почната изградбата на тимот за следната деценија ипол, а овие фудбалери треба да бидат костурот на тимот,за врвни достигнувања.