Атлетико Мадрид ја победи екипата на Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ и со минимална предност ќе патува на реваншот во Германија. Атлетико дојде во водство со 1-0 уште во четвртата минута преку аргентинецот Родриго Де Пол. Одбраната на „милионерите“ направи уште една кардинална грешка во 32. минута, која најдобро ја искористи Самуел Лино и ја зголеми предноста на домашниот тим на 2-0.
Вторите 45 минути донесоа нови шанси за Атлетико, Лино и Гризман имаа одлични шанси за трет гол, но не реализираа. Делуваше дека Атлетико ќе го приведе полека мечот кон крајот, но Дортмунд од нигде никаде се избори за добра позиција која ја искористи Себастијан Але кој погоди за за 2-1 во 81. минута. „Ванда Метрополитано“ за момент замолкна, но домашните играчи се обидоа да се консолидираат и во завршните минути тргнаа во нов налет кон гостинскиот гол.