Бразилскиот репрезентативец Рафиња беше прогласен за најдобар играч на натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ, апсолутно заслужено ако се знае дека постигна два од трите гола за каталонскиот тим.
При еден од нив, пред домашните навивачи прослави во стилот на Нејмар кој до минатата сезона ги бранеше боите на францускиот тим.
Познато е дека Нејмар не се раздели со навивачите на ПСЖ баш најдобро затоа што тие го прогласија него, заедно со Меси, за најголем виновник за колапсот во Лигата на шампионите. Многумина во прославата на Рафиња видоа одмазда и кон нив за тоа што му го правеа на неговиот сонародник и пријател.