Реал Мадрид по 14-ти пат стана европски првак после вчерашната победа со 1-0 против Ливерпул во париското финале, а херој на „кралскиот клуб“ е белгискиот голман Тибо Куртоа кој беше „Спајдермен“ и успеа да одбрани сѐ што можеше, полудувајќи ги Мо Салах и Садио Мане со одбраните на мечот.
И Куртоа со „стоте раце“ се запиша во историјата на Лигата на шампионите и во финалните мечеви, зашто вечерва имаше девет чисти одбрани, нешто што ниту еден голман во историјата не успеал да го направи, а севкупно стигна до 59 одбрани во сезоната во мултимилионската елита, како единствен со ваков ефект.
Реал Мадрид има 14 европски трофеи, оваа сезона е посебна за нив и за Карло Анчелоти, зашто на патот до титулата ги елиминираа сите главни кандидати за круната, моќникот ПСЖ, ланскиот европски првак Челси, спектакуларниот англиски првак Манчестер сити, сите после неверојатни трилери и на крај извонредниот Ливерпул на Јирген КЛоп.