Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите го победи Ливерпул со 1-0 со голот на Винисиус Жуниор во 59. минута и по 14. пат во својата историја ја освои титулата. Апсолутен херој беше Тибо Куртоа кој со четири неверојатни одбрани на чисти шанси за гол ги полуде играчите на Ливерпул.
Реал играше дефанзивно и целата иницијатива беше оставена на играчите во црвено. Но на тој начин беа многу поопасни во контранападите. Од еден од нив во 59. минута Валверде создаде вишок на десната страна, го пронајде Винисиус Жуниор кој се прикраде зад одбраната на Ливерпул и постигна гол за водство.
Јирген Клоп фрли се на една карта и ја постави формацијата поофанзивно а со тоа имаа и неколку одлични шанси за гол. Една од нив беше таа на Салах кој прими феноменална долга топка, се ослободи од Менди и одлично шутираше во спротивниот агол, но Куртоа со уште една импресивна реакција го спаси неговиот гол.
Ливерпул до крајот не успеа да изедначи а по последниот судиски свиреж играчите и фановите на Реал Мадрид започнаа со големо славје.