Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп малку подоцна од неговиот колега Карло Анчелоти реши да го објави составот со кој ќе излезе на теренот против Реал Мадрид.

Германецот се надева на одмазда поради поразот од пред неколку години, а за вечерашната пресметка ги избра Алисон, Александер-Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Тиаго, Салах, Мане и Луис Дијаз.