Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот во 21 век. По него следува Кристијано Роналдо, па Иниеста. Ова е изборот на порталот “4-4-2“, кој ете успеа да ги одбере стоте најдобри фудбалери кои играле фудбал во изминатите 22 години.

Секако дека изборот е за дискусија.

Меѓу првите десет се Меси, Роналдо, Иниеста, Чави, Роналдињо, Зидан, Анри, Нојер, Кака и Луис Суарез.

Се разбира секој си има различен вкус, но факт е дека и секој избор сам по себе е контрадикторен.