Штутгарт оствари убедлива победа над Борусија Дортмунд (5-1) во натпреварот од четвртото коло од германската Бундеслига. „Швабите“ прикажаа феноменална игра и сосема заслужено освоија нови три бода, со кои се израмнија во бодовното салдо со денешниот ривал.
Ундав и Демировиќ беа стрелци во првото полувреме за домаќините, а во вториот дел дојде и комплетниот потоп за гостите од Дортмунд. Енцо Милиот зголеми на 3-0, по што следуваше почесниот гол за „милионерите“. На 3-1 намали Серху Гираси, а потоа Штутгарт го комплетираше триумфот со голот на Туре и вториот гол на одличниот Дениз Ундав.
Штутгарт го забележа вториот триумф сезонава, додека Дортмунд првпат ја почувствува горчината на поразот.