Англискиот првак Манчестер Сити се враќа во победнички ритам по репрезентативната пауза. На „Итихад“, актуелниот европски шампион, тимот на Пеп Гвардиола славеше со 2-1 против Брајтон и повторно се врати лидерската позиција на табелата со 21 бод.

Хулијан Алварез во седмата минута го отвори резултатот, а Ерлинг Халанд зголеми на 2-0 во 19.минута.

Брајтон намали преку Ансу Фати во 73.минута, а во судиското продолжение Аканџи доби црвен картон. Сепак, триумфот им припадна на „граѓаните“.

Екипата на Њукасл го победи Кристал Палас со 4-0, а учество на овој дел зема и Сандро Тонали кој „заглави“ во скандалот со обложување во Италија. Марфи, Гордон, Лонгстаф и Калум Вилсон беа стрелци на головите за домашниот тим.

Вулверхемптон на гости славеше против Борнмут со 1-2, а Брентфорд го победи Барнли со 3-0.