Штутгарт игра фантастично и врза шест победи по ред во Бундеслигата откако денес убедливо со 3-0 славеше на гостувањето кај Унион Берлин, гостински три бода обезбеди и лидерот Баер Леверкузен кој го совлада Волфсбург со 2-1.

Штутгарт има неверојатен старт на новата сезона во германското првенство, по осум одиграни натпревари имаат седум победи и само еден пораз.

Овојпат славеа со 3-0 над Унион во Берлин. Тимот кој настапува во Лигата на шампионите е во голема криза во Бундеслигата. Погодоците за Штутгарт ги постигнаа Гуираси, Силас и Ундав.

Баер Леверкузен ја задржа лидерската позиција откако со 2-1 победи на гостувањето кај Волфсбург. Фримпонг и Грималдо ги дадоа головите за гостите.

Волфсбург – Баер Леверкузен 1-2:

 

Тимот предводен од Чаби Алонсо нема пораз оваа сезона, има само едно реми и седум победи.

Во останатите денешни натпревари во Бундеслигата, Лајпциг со 3-1 го победи Дармштад на негов терен, Фрајбург со 2-1 дома славеше над Бохум, а гостински триумф од 3-1 обезбеди и Ајнтрахт кај Хофенхајм.