Составот од Торино доминираше во најголемиот дел од средбата и имаше три изгледни шани за гол, но мрежата на домаќинот остана недопрена. Тоа можеше скапо да ги чини во финишот, со оглед што Емполи во судиското надополнување имаше две големи можности да го изненади фаворитот.
„Бјанконерите“ со денешниот бод се искачија на врвот во италијанскиот шампионат, но само привремено бидејќи дури пет екипи со евентуални победи во средбите од 4. коло имаат можност да го прескокнат Јувентус на табелата.