Лукман прв погоди во мрежата на „Старата дама“ за водство од 1-0 на Аталанта, но тоа ги разбуди домаќините кои до крајот на првите 45 минути преку Ди Марија од пенал и Милик направија целосен пресврт.
Јувентус доживеа нов шок на почетокот на вториот дел, кога Маеле погоди за 2-2, а потоа Лукман во 53. минута за предност на гостите од Бергамо од 3-2, додека конечниот резултат 3-3 го постави Данило во 65. минута.
Аталанта во моментов е на петтата позиција со 35 бодови, додека Јувентус е деветти со 23 бода.