„Кнезовите“ за половина час успеаа да постигнат два гола, прво преку Аксел Дисаси во 21-та, а потоа преку Елиот Матацо во 30-та, на две асистенции на Густаво Енрике и сѐ наликуваше на лесна победа, но Нант не се предаде и во вториот дел успеа да возврати и го сопна фаворитот.
Мустафа Мохамед погоди во 65-та за да го врати Нант во мечот, а Лудовик Блас во 78-та израмни, па Нант дојде до бод и 31 на контото, пет повеќе од Стразбур кој е прв во опасната зона.
Монако остана четврти со 58 бода, шест повеќе од Лил за позиција за квалификации за ЛШ, а два зад Марсеј кој има меч помалку, а пет од вториот Ланс. Франција има три директни претставници во ЛШ, а четвртиот игра квалификациска фаза.