Лигата на нациите се вистински кошмар за клубовите. Често пати се повредуваат фудбалерите, па клубовите не можат да сметаат на нив. Јирген Клоп пред извесно време за ЛН кажа дека ова е едно од најглупавите идеи во фудбалот.
Во септемвриските натпревари од ЛН најмногу ќе настрада Барселона. Петмина фудбалери се повредија и ќе паузираат меѓу еден и два месеци. Жулс Кунде ја повреди тетивата па ќе паузира меѓу 3 и 4 недели и под прашалник е за „Ел Класико“ закажано за 16 октомври. Тој ќе ги пропушти двата меча со Интер во ЛШ.
Роналд Араухо играјќи за Уругвај се повреди на мечот со Иран. Тој е потешко повреден и нема да заигра дури до јануари што значи дека ќе го пропушти и Светското првенство.
Осман Дембеле повторно е повреден. Тој одигра 14 минути против Австрија, се пожали на болки во мускулите. Тој тренираше самостојно но е под знак прашалник за наредниот меч.
Мемфис Депај и Френки Де Јонг се повредија настапувајќи за Холандија на мечот со Полска. Тој ќе паузира еден месец поради повреда на колкот и ќе го пропушти „Ел Класико“. Де Јонг го напушти националниот тим и се врати во Барселона каде што ќе го продолжи лекувањето на мускул на ногата.
Во октомври Барселона ја чекаат 9 натпревари, а потоа повторно се враќаат репрезентациите на сцена – Мундијалот во Катар.