„Крановите“ тргнаа во офанзива на „Барбера“, објавија сицилијанските медиуми, за почетокот на шминкањето и подобрувањето на условите на дел од трибините, кои се неопходни да се направат за да се добие „зелено светло“ од ФИФА за организација на мечот.
Градската управа на Палермо и Сицилија одобрија 200.000 евра за реконструкциите што треба да се направат на стадионот, на трибинскиот и подтрибинскиот дел, за стадионот да добие дозвола за организација на мечот.
Палермо и „Ренцо Барбера“ се најдоа во проблем после последните инспекции, иако федерацијата објави дека е избран за домаќин на полуфиналниот бараж, па стадионот во Бергамо е ставен како Б-алтернатива, ако на Сицилија не успее да се отстранат недостатоците од светската организација.