Тоа беше петти триумф по ред за „бјанконерите“ со кој се искачија на лидерската позиција во Серија А, барем до утре кога Интер ќе го одигра својот натпревар од 12. коло. Првото полувреме од средбата во Торино беше здодевно и без голови, но второто донесе многу возбудувања. Јувентус поведе во 60. минута со голот на Бремер, а десет минути подоцна Ругани го удвои водството на старата дама. Гостите не се предадоа, па намалија со погодокот на Досена во 75. минута, што беше прв гол во мрежата на Шчесни по дури 615 минути.
Екипата од Торино сега има 29 бодови, еден повеќе од Интер, кој утре вечер го пречекува Фросиноне.