Реал Мадрид постигна убедлива победа против Валенсија, десетта оваа сезона во Примера.

„Кралевите“ во минатата рунда киксираа против Рајо Валјекано и секој друг резултат освен триумф ќе беше голем неуспех за избраниците на Анчелоти кои одиграа на ниво, ги искористија шансите кога беше најпотребно и ги освоија посакуваните три бода.

 

Бразилците, Винисиус Жуниор и Родриго постигнаа по два гола и тоа во 424950 и 84 минута, а во листата на стрелци се запиша и дефанзивецот Карвахал. На другата страна пак погоди Дуро за кого може да се каже дека беше и трагичар на овој дуел на кој имаше четири-пет добри прилики, ама искористи само една и тоа во 88 минута кога го постави конечниот резултат.