Францускиот гигант ПСЖ успеа да триумфира во 12. коло од Лига 1 со 0-3 (0-1) на гостувањето кај незгодниот состав на Ремс. Резултатот можеби изгледа убедливо, но Ремс прикажа храбра игра и резултатот можеше да биде и поинаков.
Екипата на Пари Сен Жермен влезе во посакуваниот рита и стигна до нова победа со која ја презеде лидерската позиција на табелата.
Тримфот на „светците“ над Ремс од 3-0 беше доволен за клубот од Париз да ја прескокне Ница и на пауза заминува како лидер во францускиот шампионат по 12 одиграни кола.
Херој на ПСЖ беше Килијан Мбапе кој постигна хет-трик, со атрактивниот гол во 3 минута, по што следуваа уште два во второто полувреме во 59 минута и во 82 минута.
Со ова Мбапе стигна до 13 голови во домашниот шампионат. ПСЖ има 27 бодови, еден повеќе од второпласираната Ница (26).
Мајсторијата на Килијан ги воодушеви фудбалските фанови, па аплаузи доби и од навивачите на Ремс.
INSANE GOAL FROM KYLIAN pic.twitter.com/V7nFmzcyuR https://t.co/OQYdo9DhvQ
— . (@MbappeCentral) November 11, 2023