Един Џеко (35) играше за Манчестер Сити од 2011 до 2015 година и освои две шампионски титули во Премиерлигата, еден ФА Куп, Лига Куп и Комјунити Шилд. Потоа замина во Рома и таму остана шест години, а од минатото лето е играч на милански Интер. Во интервју за Corriere della Seru, тој откри зошто ја напуштил Англија.
„Бев во најдобриот момент од кариерата и не сакав да бидам на клупата, па ја избрав Рома. Воопшто не жалам за тоа, напротив. Не освоив трофеј со Рома , но тоа беа прекрасни шест години. „Јас го носам тој клуб во моето срце. Сега сум во Интер и сакам скудето. Инаку, ја напуштив Англија со тригодишен договор на сила. Не се согласував со тренерот Мануел Пелегрини во Сити“.