Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов денеска го постигна првиот погодок во полскиот шампионат.
Во натпреварот против Корона, Чурлинов играше од првата минута, а неговиот тим славеше победа од 3:1. Голот првенец во најсилната конкуренција во Полска Чурлинов го постигна во 67. минута со кој го постави конечниот резултат.
Чурлинов беше стартер во тимот на Јагиелонија и настапи до 87.минута.