Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски заборави на повредата и започна да тренира заедно со тимските колеги од Удинезе. Тој пред 6 месеци, поточно пред самиот почеток на Европското Првенство во фудбал, доживеа тешка повреда на коленото и мораше да оди на операција.
“Поминаа 180 дена, со сите се соочив со дигната глава.Не беше лесно да се надмине се но , но како и секоја потешкотија се соочив со тоа на најдобар можен начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден! Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе и што ми неа на располагање за да закрепнам подобро. Благодарам” – напиша Нестороски под својата објава на социјалните мрежи.