Македонската фудбалска репрезентација до 19 години одигра неверојатен натпревар против Полска и славеше со 2-0 во првиот натпревар од групата 5 во квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Никола Величковски беше стрелец на првиот гол за Македонија во 12. минута, по што Полска имаше можност за израмнување во 26. минута, но голманот Љупче Џеков беше на висина на задачата и му го одбрани ударот на Дариуш Сталмах.
Триумфот на Македонија ја потврди талентираниот Мухамед Елмас кој постигна прекрасен гол од 18 метри за конечни 2-0 против Полска.
Во второто коло од евроквалификациите Македонија ќе се соочи против Германија на 14 октомври од 15.30 часот, додека во третото коло ќе игра против Казахстан на 17 октомври од 15.30 часот.
Тука може да го погледнете прекрасниот гол на Елмас.
Мухамед Елмас има 17 години и важи за голем потенцијал во македонскиот фудбал. Сениорските минути ги доби во Работнички, сега игра за Гостивар, а доколку продолжи во ова темпо, нема да е изненадување да го видиме во најдобрата А-селекција во скоро време.