Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо летово пристигна во тимот на Фенербахче и предизвика „експлозија“ во Истанбул. Португалецот го прифати предизвикот да го води турскиот гигант, но овој пат реши да не живее во куќа, туку да престојува во луксузен хотел.

Мурињо престојува во хотелот „Four seasons” на брегот на Босфорот, каде најевтина соба чини неверојатни 1.200 евра за едно ноќевање со појадок! Турските медиуми објавија дека Фенербхаче ги плаќа трошоците за сместувањето, кои досега избесуваат вртоглави 171.000 евра!

Хотелот се наоѓа во реон каде живеат голем број навивачи на Галатасарај, а собата има директен поглед на азиската страна од градот. Мурињо дојде во Истанбул со единствена цел – да ја освои титулата во турското првенство, но во моментов Фенер заостанува дури осум бода зад Галатасарај и ќе има тешка задача да ја оствари својата мисија.