Имаше најави дека Суарез ќе продолжи да игра фудбал, во американската МЛС-лига, но сепак последните најави се дека Уругваецот ќе се врати во англиската Премиер лига и ќе потпише за Астон Вила. Трансферот е на барање на неговиот поранешен соиграч, а сега тренер на бирмингемскиот гигант Стивен Џерард.
Уругвајската звезда Суарез беше поранешен фудбалер на Ливерпул, каде играше извонредно, пред да се пресели во Барселона и да освои сѐ што можеше да се освои, а потоа Роналд Куман ланското лето го избрка, па премина во Атлетико Мадрид.
Уругваецот во ерата на Лео Меси и Кристијано Роналдо кои доминираа повеќе од една деценија во светскиот фудбал и ги уриваа сите рекорди, ги освојуваа најзначајните индивидуални награди, успеа двапати да биде „златна копачка“ на Европа.
Тој има понуда од Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам, но изгледа попривлечно сѐ уште му е играњето на највисоко ниво на Стариот континент.