Иако Борха Мајорал промаши пенал по само 14 минути, Енес Унал во петтата минута од судиското надополнување во првиот дел го најави изненадувањето, а три минути во вториот дел му асистираше на Карлес Алена за да ја дуплира предноста, по што Баскијците не успеаа да се изборат барем за бод.
Сѐ што направија беше голот на Браис Мендез две минути после примениот втор гол, но иако притискаа и напаѓаа, Хетафе успеа да ја зачува предноста и да стигне до победа со која сега има четири бода и го напушти последното место, па се искачи на 18-то место, додека Сосиедад остана на седум бода со вториот пораз и е 11-ти.