Нешто се менува во Бундеслигата, малиот тим од Берлин, Унион Берлин е вистински хит во изминатите шест кола. Шест меча, четири победи и две ремија.

Денеска во Келн, тимот од Берлин успеа да дојде до нова победа и тоа со 0:1 и тоа со автоголот на Хуберс уште во 4.минута. Треба да се каже дека Унион во 11.минута од пенал не успеа да постигне гол.

Во вториот денешен меч, Фрајбург дома со Борусија Менхегладбах одигра само 0:0, освои само бод, па така му го препушти лидерското место на Унион Берлин.

Сега, по ова 6.коло, Унион Берлин е прв со 14 бодови, Фрајбург е втор со 13, Баерн е само трет со 12 бодови.