Барселона не успеа да ја мине групата од Лигата на шампионите, која не само што е историски спортски дебакл за Барса, туку и финансиски.
Осиромашениот каталонски гигант, кој пред два месеци објави дека финансиската 2020/2021 г. ќе ја заврши со загуба од 481 милион евра, сега претрпе нов, двојно потежок удар. Барселона пред почетокот на актуелната сезона и официјално пресмета дека ќе игра „барем четвртфинале“ во Лигата на шампионите. Со тоа што не ја оствари таа цел, направи загуба од 20,2 милиони евра.
Со овој дебакл Барселона останува без засилувања
Шпанските медиуми пишуваат дека финансиски тоа значи дека Жоан Лапорта останал без парите кои ги пресметал да ги добие и да ги потроши за купување на толку потребните засилувања во зимскиот преоден рок, бидејќи без тоа Барселона останува во многу тешка ситуација и може само да донесе играчи на позајмица.
Нејзината единствена утеха би била освојувањето на Лига Европа
Единствено што би ја намалило загубата на Барселона од прераното испаѓање е освојувањето на Лига Европа каде испадна на третото место во ЛШ групата. Доколку триумфира во утешното натпреварување би заработила 14,9 милиони евра. Така споменатиот дефицит би се намалил на 5,3 милиони евра во однос на планираниот буџет. Сепак, мора да се нагласи дека продолжувањето на настапите во нокаут рундата од Лигата на шампионите, дури и без конечна победа, на Барселона ќе и донесе далеку помали приходи од спонзори и телевизиски права од освојувањето на овој куп. Јасно е дека тоа што Барселона сега е во Лига Европа не значи дека е претплатена да ја освои, бидејќи има многу силни клубови.