Натпреварот од вчерашната програма во Лигата на шампионите кој очекувавме да биде повозбудлив, Баерн во Минхен ја победи Барселона со 3-0. Со тоа германскиот шампион го заврши натпреварувањето во групата Е со сите шест победи, додека Барселона не ја мина групата првпат од ноември 2000 година.
Резултатската криза во Барселона продолжи, и историски дебакл каков што не е забележан веќе 21 година. Анализирајќи го натпреварот, Томас Милер се обиде да даде свое видување за денешната Барселона и нејзиниот пораз.
Милер по натпреварот изјави дека Барселона има играчи кои технички се на ниво на Баерн, а потоа ја нагласи разликата меѓу двата клуба.
„Мое мислење е дека Барселона не може да го следи интензитетот на играта. Имаат се, технички и тактички тие се одлични играчи, но не можат да се справат со интензитетот на фудбалот на највисоко ниво“, рече Милер.